Утрински Весник
Економија

Спијте мирно: „Мој ДДВ“ останува, вели Димитриеска Кочоска

Ddv.jpg

Граѓаните може да бидат спокојни – мерката „Мој ДДВ“ нема да претрпи никакви измени и исплатите ќе продолжат како и досега. Иако директорката на УЈП вчера изрази сомнеж за ефектот на мерката, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во Министерството воопшто не се разговара за менување на законот.

„Нема никаков извештај ниту информација до Министерството за промени. Напротив, сè останува како што беше досега“, рече министерката.

Покрај ова, Димитриеска Кочоска соопшти и добри вести за бизнис секторот. Првата рата од враќањето на солидарниот данок на компаниите ќе започне во март годинава, а втората е планирана за март 2027 година. УЈП наскоро треба да ги објави обрасците на својата веб-страница, по што компаниите ќе го добијат својот дел од парите.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра