Утрински Весник
Економија

Поевтинува мазутот, бензините и дизелот со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 11.05.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалуваат за 1,154 ден/кг и сега ќе изнесува 52,694 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) не се менуваат.

Од 13.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,694 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,133 %, кај дизелот има намалување за 0,701%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,721% и кај мазутот има намалување за 0,533%.

Можете да прочитате

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“