Утрински Весник
Свет

Подољак: Во наредната недела многу работи ќе станат појасни

Подољак: Во наредната недела многу работи ќе станат појасни

Советникот на Зеленски, Михаил Подољак, рече дека војната во Украина може да заврши со директни преговори меѓу украинскиот и рускиот претседател.

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека, иако се можни разговори, се чека оценка како ќе напредува руската воена офанзива на истокот на земјата во наредните денови.

„Тоа е она на што денеска работи тим од адвокати, консултанти и преговарачки тим од украинска страна. Затоа, се надеваме дека позицијата на претседателот Володимир Зеленски ќе биде исклучително силна во овие разговори“, рече Подољак.

Русија ги премести силите во источниот украински регион Донбас, како што опишаа Киев и Москва, за голема битка за контрола на источна Украина.

„Тие имаат доволно ресурси, доволно проектили, за жал продолжуваат да ги бомбардираат нашите градови. Тие сè уште имаат работна сила и опрема. Затоа, да почекаме малку, а потоа ќе можеме да ги судиме позициите на двете страни, особено на претседателот на Украина“, рече Подољак.

Тој додаде дека верува дека во следната недела и половина ќе стане појасно како може да се развива ситуацијата.

Можете да прочитате

Руски војници пристигнаа во Белорусија, тврдат Украинците

ОН го осудува убиството на палестински новинари во Газа

Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе