Утрински Весник
Македонија

Поддршка за здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население

Поддршка за здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население
300x250 (7)

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо и директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Виктор Исјановски денеска потпишаа договор за донација, во насока на зајакнување на соработката преку директна поддршка на здравствениот систем, а со цел подигнување на квалитетот на здравствените услуги во нашата држава.

Донацијата е поттик за натамошно изнаоѓање на системски решенија за предизвиците со кои се соочува оваа Поликлиника, како и дел од здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население, од аспект на медицински кадар, опрема и соодветни просторни услови, како и за постојано вложување во здравствениот систем и овозможување на квалитетни здравствени услуги на сите граѓани подеднакво.

Img 5587

Финансиските средства обезбедени од кинеската амбасада, во висина од еден милион и шестотини илјади денари, се наменети за опремување на РТГ Кабинет и реконструкција на покривот на поликлиниката Шуто Оризари, која што е во состав на Здравствен Дом Скопје.

Соработката се официјализираше преку меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и Јавната здравствена установа Здравствен Дом Скопје.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Условите на ЗНАМ како да се пишувани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, идентични се

Велигденска забава на плоштадот во Гостивар организираше СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Мицкоски се сретнал со Таравари