Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Жугиќ: Шилегов веќе подготвил 11.000 евра за парк, а лаже дека Универзална нема да се руши

(Видео) Жугиќ: Шилегов веќе подготвил 11.000 евра за парк, а лаже дека Универзална нема да се руши
Ss2

 

На интернет-страницата на Бирото за Јавни Набавки се гледа дека градот распишал повик за идејно решение за уредување на просторот каде што сега е Универалната сала, со парк и летна сцена, обвини на прес-конференција Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„За оваа намена Шилегов планира да даде 6.000 евра за најдоброто решение, 3.000 евра за второ рангираното и 2.000 евра за трето рангираното, со што вкупно ќе се потрошат 11.000 евра од градската каса“, истајкна Жугиќ.

Таа воедно запраша зошто доколку се уште не е одлучено дали ќе се руши салата, градот однапред планира да потроши 11.000 евра.

„Кога сме кај парите врзани за Универзална сала, Шилегов треба да одговори и каде се 30 милиони денари, кои во 2019 градот Скопје ги добил од владата за реконструкција на салата. Дали и на што се потрошени тие наменски префрлени пари“, запраша претставничката на ВМРО-ДПМНЕ која порача дека Шилегов не смее повеќе да ги манипулира граѓаните и треба веднаш да се откаже од идејата за рушење и да отпочне со реконструкција.

Жуѓиќ исто така предоложи да се искористи проектот за реконструкција на салата оставен од ВМРО-ДПМНЕ, со кој велио дека ќе се постигнат следните цели:

– Ќе се подржи мислењето на граѓаните за реконструкција, а не за рушење;
– Ќе се заштедат средства за нови конкурси и идејни решенија;
– Ќе се сочува споменот на хуманост и солидарност на постземјотресно Скопје

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт