Утрински Весник
Свет

Погоден аеродромот во Одеса, пистата е неупотреблива

Руските сили извршија ракетен напад на аеродромот во Одеса, соопшти украинската армија.

Претходно, украинските медиуми и очевидци јавија за експлозии во Одеса кои се случиле откако се огласиле сирените за воздушниот напад.

Сведок изјави за Си-Ен-Ен дека видел најмалку еден борбен авион над градот.

Според првичните информации, пистата на аеродромот во Одеса била оштетена во нападот и повеќе не може да се користи.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија