Утрински Весник
Свет

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката. Најмалку три лица се тешко повредени. Нападот се случич во училиште во американската држава Ајдахо.

Жртвите биле погодени во рацете и нозете и најверојатно повредите не се опасни по живот, соопшти полицијата на прес-конференција.

Шерифот на округот Џеферсон, Стив Андерсон изјавил дека девојчето извадило пиштол од ранецот и испукало повеќе куршуми и надвор од училиштето во Ригби, на околу 145 километри југозападно од националниот парк Јелоустоун.

Наставничката успеала да ѝ го земе оружјето на девојчето и да ја задржи додека да дојде полицијата. Девојчето е однесено во притвор и се истражува мотивот за нападот, како и од каде ѝ било оружјето.

Повредените ученици се во болница, а наставничката е пуштена на домашно лекување.

Можете да прочитате

Стефанишина: Има Украинци на рускиот танкер запленет од американските сили

Велика Британија ќе обезбеди 200 милиони фунти за подготовка за евентуално распоредување на војници во Украина

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република