Утрински Весник
Магазин

Повторно пронајдени човечки останки во близина на плажа во Невада

Четврти човечки останки се пронајдени во езерото Мид, источно од Лас Вегас, во американската сојузна држава Невада, чие ниво на водата паѓа поради сушата од мај. Сушата предизвика реката Колорадо да ја повлече водата од познатата брана „Хувер“.

dobivaj vesti na viber

Официјалните лица рекоа дека остатоците од скелетот биле пронајдени во близина на плажата „Свим“.

Канцеларијата на судскиот лекар во округот Кларк ќе се обиде да ги утврди времето и начинот на смртта на лицето, велат тие.

На почетокот на мај буриња со човечки останки беа пронајдени недалеку од пристаништето Хеменвеј.

Полицијата смета дека е убиен маж, има рана од куршум во главата и дека телото, најверојатно, било фрлено во средината на седумдесеттите или почетокот на осумдесеттите години на минатиот век.

По помалку од седум дена, властите пронајдоа човечки останки во заливот Келвил. Човечки останки беа пронајдени и на 25 јули.

Полицијата шпекулира дека може да се најдат уште човечки останки бидејќи нивото на водата во езерото Мид продолжува да опаѓа.

Можете да прочитате

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Концертот на Дино Мерлин во Краљево откажан на неколку дена пред настапот