Утрински Весник
Македонија

Повторно земјотрес во Албанија, почувствуван и во западните делови на Македонија

Повторно земјотрес во Албанија, почувствуван и во западните делови на Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 12 часот и 23 минути, регистрирала нов земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 100 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од 3,6 степени, а бил почувствуван и од населението во западните делови од нашата држава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Ова е последен во денешната серија на земјотреси во Албанија, од кои во западните и северозападните делови на Македонија беа почувствувани пет потреси и тоа: во 8.05 часот со локална Рихтерова магнитуда 3,4, во 8.09 часот со јачина од 2,7 степени, во 8.10 часот со јачина од 4,4 степени, во 8.11 часот со јачина од 3,6 степени и во 8.14 часот со јачина од 2,6 степени според Рихтер.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми, тие треба да важат за сите

13 годишно дете нападнато од поголема група малолетници во Аеродром

Девојка од Дебар со лажно лекување за болно дете измамила граѓани за над 3000 евраа