Утрински Весник
Економија

Поврзување на студентите и академскиот кадар од УКЛО со бизнис заедницата

Поврзување на студентите и академскиот кадар од УКЛО со бизнис заедницата

Во рамки на проектот „Мојата успешна приказна“ што го реализира Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Универзитетскиот Центар за кариера, алумни и доживотно учење за студентите и академската заедница на УКЛО, се одржа онлајн средба со Виктор Мизо, генерален менаџер на KOSTAL Охрид.

Проектот „Мојата успешна приказна“ на УКЛО според проректорот, Марјан Ѓуровски е во функција на промоција на студиските програми и воспоставување поинтензивна соработка со бизнис заедницата.

Овие настани треба да им помогнат на студентите да го запознаат деловниот свет, да стекнат искуство уште за време на студирањето и да развиваат знаења и вештини за развој на кариерата по дипломирањето. П

роректорот Ѓуровски нагласи дека УКЛО создава услови за реализација на индивидуалните можности за усовршување своите студенти кои своето идно вработување може да го побараат во компаниите во земјата.

Покрај за кариерниот и професионален развој, Виктор Мизо ја претстави компанијата што ја раководи и го потенцира значењето на студентската пракса како нужно дополнување на теоретските знаења и можност, тоа искуство да се имплементира во компаниите.

Во рамки на презентацијата предочени беа можностите студенти од УКЛО да се вклучат и да ги користат бенифитите од програмите како што се Инженери на тренинг и Летна студиска програма кои нудат знаење и ги отворат преспективи за вработување.

Виктор Мизо како директор на една од најуспешните странски инвестиции кај нас, која е дел од германскиот гигант и произведува автомобилска и индустриска електроника за најпознатите автомобилски брендови, оценува дека поврзувањето со студентите и акдемскиот кадар од УКЛО претставува продолжување и продлабочување на воспоставената соработка.

Можете да прочитате

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Ангеловска-Бежоска за ВОА: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава