Утрински Весник
Македонија

Повик за мали грантови за организации предводени од девојки или млади жени

Повик за мали грантови за организации предводени од девојки или млади жени

Како одговор на епидемијата Ковид-19, „Глобал резилиенс фанд“ објави повик за поддршка на активизам од и за девојки и млади жени, преку флексибилни итни грантови во висина до 5.000 долари.

Условите на повикот и формуларот за аплицирање се достапни на веб-сајтот www.theglobalresiliencefund.org.

Фондот најави дека ќе прифаќа апликаци од сите региони и сите земји од регистрирани и нерегистрирани  организации и колективи водени од девојчиња, девојки и млади жени, или од транс и интерсекс млади.

Основен услов е предлагачите да немале годишен приход над 50.000 долари, како и да претходно да биле грантисти на донатори од листа објавена на сајтот, меѓу кои е и УНИЦЕФ, известува „Мета.мк“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка