Како одговор на епидемијата Ковид-19, „Глобал резилиенс фанд“ објави повик за поддршка на активизам од и за девојки и млади жени, преку флексибилни итни грантови во висина до 5.000 долари.
Условите на повикот и формуларот за аплицирање се достапни на веб-сајтот www.theglobalresiliencefund.org.
Фондот најави дека ќе прифаќа апликаци од сите региони и сите земји од регистрирани и нерегистрирани организации и колективи водени од девојчиња, девојки и млади жени, или од транс и интерсекс млади.
Основен услов е предлагачите да немале годишен приход над 50.000 долари, како и да претходно да биле грантисти на донатори од листа објавена на сајтот, меѓу кои е и УНИЦЕФ, известува „Мета.мк“.