Утрински Весник
Македонија

Повеќе лица тешко повредени во сообраќајка во Струга

Повеќе лица тешко повредени во сообраќајка во Струга

Вчера во 08.25 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од Охрид.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од с.Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило “фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“во Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Можете да прочитате

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието