Утрински Весник
Македонија

Повеќегодишно дрво машински пресадено од Аеродром во Градскиот парк

Пресадување на повеќегодишно дрво од типот Платан, од улицата Васко Карангелески во општина Аеродром на избрана локација во Градскиот парк беше извршено денеска од страна на екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Пресадувањето било извршено со специјалната машина за пресадување на дрвја, во сопственост на „Паркови и зеленило“.

„Со пресадувањето на едно дрво од улицата од Васко Карангелевски во општина Аеродром се ослободува трасата и се овозможува продолжување на градежните активности за нејзиното проширување и изградба, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада“, информираат градските власти.

Од таму потесетуваат дека претходниот проект за реконструкција предвидувал сечење на дрворедот на потегот на целата улица, а со направените измени во проектот се зачувува зеленилото и дополнително ќе се засадат нови дрвја.

Можете да прочитате

„Сакам да работам“: Силјановска – Давкова да не го потпише указот за Законот за игри на среќа

Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

Собранието усвои повеќе закони по скратена постапка, поминаа и измените за органодарителството