Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка против државјанин на Албанија за продажба на кокаин

Поведена постапка против државјанин на Албанија за продажба на кокаин

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 23 – годишен државјанин на Република Албанија за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот управувал возило со македонски регистарски ознаки во близина на село Франгово, Струга, кога бил сопрен од полициски службеници. При извршен личен претрес на осомничениот, надлежните службени лица кај осомничениот пронашле 50 грама наркотична дрога – кокаин, која тој неовластено ја држел заради продажба.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга по донесувањето на Наредбата за спроведување истражна постапка, до Основниот суд Струга достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје

Од денеска на сила стапуваат новите правила за управување со електрични тротинети

Седат Сулејмани и официјално го презеде Министерството за култура и туризам