Утрински Весник
Свет

Пленковиќ: Русија е подготвена да ја испорача вакцината „Спутник В“ во Хрватска

Пленковиќ: Русија е подготвена да ја испорача вакцината „Спутник В“ во Хрватска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави можност Хрватска да ја увезе руската вакцина против коронавирусoт, „Спутник В“, што ќе зависи од одобрувањето на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Тој рече дека Русија е подготвена да ја достави вакцината „Спутник В“ во Хрватска.

„Сега разговараме со хрватската Агенција за лекови какви ни се законските можности, во согласност со легислативите на ЕУ. Откако ЕМА ќе одобри, ќе биде можно и во Хрватска да се користат овие вакцини. Мора да бидеме сигурни кога е во прашање јавното здравје“, рече Пленковиќ.

Тој посочи дека минатата недела разговарал и со некои фармацевтски компании, додавајќи дека испораката на вакцини во Хрватска ќе биде забрзана во текот на март.

„Очекувам повеќе од 600.000 нови дози до крајот на март. Уште поголема испорака очекуваме во вториот квартал, односно компензација за ‘долговите’ од јануари и февруари“, ијавил Пленковиќ, а пренесуваат хрватските медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година

Клоучек: Европа мора да биде подготвена за можен распад на Русија