Утрински Весник
Свет

Платата на Курц се намалува за 7.238 евра

Платата на Курц се намалува за 7.238 евра

На лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, драстично ќе му биде намалена платата откако поднесе оставка од функцијата канцелар.

Како канцелар, Курц примал месечна плата од 22.618 евра, 14 пати годишно.

Со преселбата во собраниските клупи, како пратеник месечно ќе добива „само“ 9.228 евра бруто.

Бидејќи ќе ја преземе функцијата шеф на парламентарниот клуб, неговиот месечен приход ќе изнесува 15.380 евра бруто.

Така, во неговиот паричник ќе има минус од 7.238 евра месечно.

Инаку, тој ќе мора да издвои 3,5 отсто од својот приход за касата на парламентарниот клуб.

Можете да прочитате

Трамп потпиша нови санкции против Куба, Хавана возврати: Нема да нѐ заплашите

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема во вредност од 8,6 милијарди долари на сојузниците од Блискиот Исток

Дванаесет лица убиени во Либан во израелски напади