Утрински Весник
Сцена

Пирс Броснан се потсети на една доста „пијана средба“ со Квентин Тарантино (видео)

Пирс Броснан се потсети на една доста „пијана средба“ со Квентин Тарантино (видео)

Лос Анџелес, 21 април 2020 (/) – Глумецот Пирс Броснан во својата последна интернет-емисија од дома, по прашање од обожавател, се потсети на една мартини-средба со Квентин Тарантино…

Тоа се случило 2004 година, по прес-конференција околу филмот на Тарантино – „Убиј го Бил“. Режисерот го викнал Броснан во својата соба и нарачал неколку мартинија – омилениот пијалак на Џејмс Бонд.

– Целиот беше врз масата, и ми кажуваше „Ти си најдобриот ’Џејмс Бонд‘. Сакам да направам ’Џејмс Бонд‘ филм со тебе…“ Му велев „Квентин, смири се, смири се…“ А, тој – „Немој ти на Квентин – смири се“, раскажува Броснан.

„Ох, само да бев мува на ѕидот од таа соба“, гласи еден од коментарите на следачите и обожавателите по анегдотата.

Сепак, таа филмска соработка не се случила.

– Квентин Тарантино не му беше суден на „Џејмс Бонд“. Штета… Ќе беше тоа добар филм, вели Броснан.

Последниот „Џејмс Бонд“ филм со Пирс Броснан во насловната улога, беше „Умри друг ден“, којшто излезе 2003., една година пред оваа „пијана случка“.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка