Утрински Весник
Спорт

Пике избегна сериозна повреда и ќе игра со Реал Мадрид

Пике: Знаев дека Меси може да си замине по крајот на секоја сезона

Мадрид, 26 февруари 2020 (МИА) – Еден од најважните фудбалери во одбраната на Барселона, Жерард Пике, избегна сериозна повреда синоќа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи (1:1), пренесува „Sport.es“.

На крајот од средбата со неаполитанците, 33-годишниот Пике го повреди левиот глужд и беше заменет. Имаше стравувања дека фудбалерот е сериозно повреден, меѓутоа, според извор, играчот, напуштајќи го стадионот, изјавил дека е во ред и ништо не се заканува на неговото учество во натпреварот против Реал Мадрид в недела.

Големото дерби на шпанскиот фудбал, Реал – Барселона е закажан за 1 март со почеток во 21 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот