Утрински Весник
Македонија

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје (ДПЛ)

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во Куманово дома починал и уште еден пациент потврден на вирусот, на возраст од 53 години, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: во Скопје 15, седум во Куманово, еден во Прилеп и по тројца во Струга и Кочани.

Со нив, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава достигна 599 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 254; Куманово – 128; Дебар – 49; Штип – 20; Прилеп – 34; Тетово – 29; Струга – 28; Велес – 10; Битола – 6; Охрид – 3; Кавадарци – 2; Гостивар – 4; Гевглелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка – 3; Радовиш – 4; Крушево – 2 и Кочани – 17.

– Во изминатото деноноќие се направени 386 теста. Од нив преку Институтот за јавно здравје – 229, преку Ветеринарен факултет – осум, Авицена – 22 , Биотек – 22 и „Фипил Втори (Жан Митрев)“ – 105 . Досега во земјата се направени  5 879 тестирања на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. хс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Од 29 Ноември студен циклон ни носи обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка!

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ