Утрински Весник
Македонија

За тројца делчевци казна за непочитување на полицискиот час

Викенд полицискиот час ги испразни улиците во Делчево

Скопје 7 април 2020 (МИА)  – Тројца делчевци викендот се движеле без дозвола после 16 часот. Јавен обвинител предложи парични казни за секого од нив по 2.000 евра.

Од Јавеното обвинителство соопштија дека поднесени се предлози за издавање казнени налози против лицата за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

-Обвинетите не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час во деновите во викендот се без дозвола се движеле, се наведува во соопштението на ЈО. бк/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Неодамнешниот протест на албанските студенти во Скопје и реакциите на официјалните институции на Македонија и Албанија

Левица: Кумот на Максим Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово