Утрински Весник
Македонија

Петровска оддаде почит во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

Ss2

Денеска, во спомен на осумтемина бранители и припадници на Армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски Бачила, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, положија венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите бранители кај Љуботенски бачила.

dobivaj vesti na viber

Во чест на загинатите, а како дел од низата одбележувања на овој настан, Петровска како предводник на владината делегација во чиј состав беше и советникот за одбрана на Претседателот на Владата, Драган Василевски, положија венец со свежо цвеќе и пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната „Илинден“ во Скопје.

Ss1

На овој ден, пред 21 година, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошевски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

Ss1

Можете да прочитате

ДИК: Сите гласачки места отворени навреме, пријавени помали технички проблеми

Тошковски: Досега нема посериозни нарушувања на изборниот процес

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани