Утрински Весник
Македонија

Петровска: Населението постапува по препораките на Владата и соработува со полицијата и другите институции

IMG 20200120

 

Дебар, 15 март 2020 (МИА) – Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска со началниците на Одделот за специјални задачи ги посетија безбедносните пунктови Бошков мост, Извор и ХЕЦ Глобочица.
Припадниците на Единицата за брзо распоредување и Посебните единици на полицијата ги брифирале дека изминатото деноноќие поминало мирно и без никакви нарушувања и оти дотурот на храна и други неопходни производи во општините Дебар и Центар Жупа каде што е воведен кризна состојба, се одвива според утврдените безбедносни протоколи.
– Локалното население постапува исклучиво по препораките на Владата, соработката на МВР со другите институции е одлична и заедно ги надминуваме сите тековни предизвици. Населението соработува со полицијата и институциите и полициски час не е воведен. Централните институции и локалната власт заедно се грижат за населението кое се наоѓа на територија на кризните подрачја. Им благодарам на граѓаните за дисциплината и смиреноста, а на припадниците на МВР, ДСЗ, здравствените работници и сите вклучени за професионалноста и посветеноста. Заедно ќе успемее., објави Петровска на својот фејсбук профил.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот