Утрински Весник
Македонија

Петровска и Смилевски ги посетија вработените во полициската станица во Бутел

Петровска и Смилевски ги посетија вработените во полициската станица во Бутел

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска ги посетија вработените во полициската станица во Бутел и им поделија оброци и пијалоци.
– Со оваа заедничка иницијатива се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно ја чуваат територијата на општина Бутел и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на општина Бутел кои покажуваат висок степен на одговорност за време на полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје, се наведува во соопштението од општина Бутел. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато