Утрински Весник
Македонија

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид-Кичево

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид-Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид-Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид, се преврте камион, а повреден е возачот кој е префрлен во болница. За оваа несреќа, нема информации дали е предизвикана поради невнимание или е сообраќајка. Инаку, камионот кој учествувал во несреќата е сопствениот на компанијата која работи на изведба на патот Кичево-Охрид.

Во одделна сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили во близина на селото Песочан, повредени се четири лица кои со Брза помош се префрлени во охридските болници. Засега нема информација која е причината за сообраќајката, но и каков тип на повреди имаат учесниците во несреќата. Увидот на полицијата трае, по што МВР ќе соопшти повеќе информации.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција