Утрински Весник
Спорт

Петмина номинирани за најдобар ракометар во 2021

Петмина номинирани за најдобар ракометар во 2021

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави имињата на играчите кои конкурираат за наградата, Најдобра во 2021 година.

Во конкуренција за престижната награда влегуваат петмина ракометари од четири земји.

Двајца се од Данска, голманот Никлас Ландин од Кил и Матијас Гидсел од ГОГ, по еден играч доаѓа од Шпанија (Алекс Душебаев), Франција (Лудовик Фабрегас) и Шведска (Џим Готфирдсон).

Ракометните фанови во гласањето ќе се вклучат на 7.март. Победникот ќе биде прогласен на 28.март.

> Петмина номинирани за најдобар ракометар во 2021 <

Можете да прочитате

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал