Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Петмина ги засилија редовите на Работнички

Петмина ги засилија редовите на Работнички
300x250 opst2

Пред почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната, фудбалскиот клуб Работнички, се засили со пет нови фудбалери. Двајца од нив се вратија во клубот, тоа се Марио Станковски и Андреј Лазаров, од Борец, односно Тиквеш

Исто така нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец и Андреј Кировски од Силекс.

Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Андреј Кировски ќе делува во одбраната, додека Марио Станковски ќе се бори за место во нападот.

Во вториот дел од сезоната „романтичарите“ ќе влезат и со нов тренер. Александар Влахо на клупата го наследи Ратко Достаниќ, со кого клубот спогодбено се раздели.

Есенскиот дел од сезоната, Работнички, го завршија на седмото место со 24 бода.

Извор/fkrabotnicki.com

> Петмина ги засилија редовите на Работнички <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!