Утрински Весник
Македонија

Петмина албански државјани повредени во сообраќајка на патот Струга – Ќафасан

Во ОВР Струга во вечерните часови на 17. мај било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса“ со албански национални ознаки, управуван од Л.Б. (23) од Република Албанија и автомобил „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управуван од Ј.Т. (38) од Република Албанија.

Како што информираат од МВР, во несреќата со тешки повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б. (39) и патник од „пасатот“, М.Ф. (38), сите од Република Албанија, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со повреди се здобиле и Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б. (35) од Република Албанија, констатирани во медицинскиот центар Струга.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Можете да прочитате

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова воодушевена од премиерата на Софиската опера и балет во Скопје