Утрински Весник
Свет

Петков: Нема да испратиме воена помош за Украина

Петков: Нема да испратиме воена помош за Украина

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја отфрли можноста Софија да испрати воена помош за Киев, но рече дека неговата земја, членка на НАТО, продолжува да дава хуманитарна помош за Украина.

„Со оглед на тоа што сме толку блиску до конфликтот, во моментот морам да кажам дека не можеме да испратиме воена помош за Украина. Тоа нема да биде можно“, изјави денеска Петков на прес-конференција во друштво на американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.

Бугарија, која не граничи со Украина, досега прими илјадници бегалци, а исто така се согласи да биде домаќин на нов контингент војници на НАТО како дел од напорите на Северноатлантската алијанса за зајакнување на источниот крак.

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија