Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот
300x250 opst2

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија. Тој, како што рече, за тоа добил уверување од македонскиот премиер Ковачевски.

Тој рече дека бугарската Влада на никаков начин не ја игнорира позицијата на Бугарија. Тој нагласи дека правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет заедно со темите од заедничката историја.

„ Димитар Ковачевски е премиер на Северна Македонија осум дена и помина четири од нив со нас. Тој рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во нивниот Устав, не кажа време, но го најави. Тоа е важно што Ковачевски го кажа затоа што постои политички ризик со нивната опозиција“ истакна Петков.

Тој додаде дека во моментов се разговара за рокот и увери дека бугарскиот интерес ќе биде заштитен.

За работата на историската комисија, Петков рече дека во текот на разговорите одлучиле прво точно и јасно да се видат кои се точките за кои комисијата веќе постигнала договор. Исто така нагласи дека од бугарска страна нема да има промени во составот на комисијата.

Меѓудругото, Петков изрази надеж дека авио-линијата Софија-Скопје ќе биде пуштена во употреба во март, дека годинава ќе бидат изградени 13 километри пат до Клепало и дека се потпира на европските средства за железницата за да го скрати рокот за оваа линија до 2027 година.

Тој најави дека на 4 февруари се подготвува заедничка прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари