Утрински Весник
Македонија

Петков и Генчовска утре во посета на Бугарија

Петков и Генчовска утре во посета на Бугарија

Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе ја посети Битола, каде што ќе присуствува на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“. Посетата на премиерот Петков е прва посета на бугарски премиер на Битола, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Во рамки на посетата, бугарскиот премиер заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани ќе го посетат далноводот Битола-Елбасан. Изградбата на далноводот претставува реализација на енергетскиот дел од Коридорот 8.

Во делегацијата предводена од премиерот на Бугарија ќе бидат и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и нејзината заменичка Велислава Петрова.

Можете да прочитате

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија