Утрински Весник
Свет

Петков: Гоце Делчев е дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија

Петков: Гоце Делчев е дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија

Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија, порача премиерот на Бугарија, Кирил Петков, опишувајќи го Делчев како бугарски револуционер, по повод 150-годишнината од раѓањето.

„Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев. Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеологија на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија. Тој е еден од личностите кои ги прават горди и двата народа“, напиша Петков на официјалната фејсбук-страница на бугарската влада.

Бугарските медиуми пишуваат дека во Скопје, по повод годишнината, ќе пристигне бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Можете да прочитате

Трамп потпиша нови санкции против Куба, Хавана возврати: Нема да нѐ заплашите

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема во вредност од 8,6 милијарди долари на сојузниците од Блискиот Исток

Дванаесет лица убиени во Либан во израелски напади