Утрински Весник
Свет

Песков: Украинските неонацисти ќе бидат казнети за воените злосторства

Песков: Украинските неонацисти ќе бидат казнети за воените злосторства

Руските власти ќе ги казнат украинските неонацисти за воени злосторства и ќе ги ликвидираат националистичките баталјони, објави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Знаете дека таму дејствуваат огромен број националистички воени формации. „Бандерас“, обични националисти, баталјони и така натаму. Секако, мораме да се ослободиме од нив“, одговори Песков на прашањето на новинарите што треба да направат украинските власти за да се обезбеди „денацификација“ што ја бараат руските власти.

Според него, станува збор за „вистински неонацисти“ кои мачеле и пукале луѓе во југоисточна Украина, но не добиле соодветна осуда ниту од Украина, ниту од европските земји.

„ За жал, тогаш не видовме такво единство на Западот. Никој не го виде. Поради некоја причина, на пратениците во Европскиот парламент не им падна на памет да се кренат во знак на протест против убиствата на овие луѓе на југоистокот од земјата. Но, за жал, некој мора да ги казни тие луѓе“, рече Песков.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија