Утрински Весник
Свет

Песков: Украина ги отфрла граѓаните кои говорат руски јазик

Песков: Украина ги отфрла граѓаните кои говорат руски јазик

Граѓаните на Украина кои зборуваат руски јазик беа одбиени од нивната држава, а Русија смета дека заштитата на интересите на тие луѓе е приоритет, изјави денеска претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој посочи дека граѓанската војна во Украина стана голема трагедија за украинските соседи и цела Европа.

Кремљ се надева дека Киев ќе покаже политичка мудрост и ќе престане со провокативни активности во регионот, рече Песков.

„Се надеваме дека Киев ќе покаже политичка мудрост, дека ситуацијата нема да стане посериозна и дека провокациите ќе престанат“, рече претставникот на Кремљ, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател се закани со „разорен одговор“

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

Русија ги продава своите златни резерви за да го закрепне својот буџет