Утрински Весник
Свет

Песков: Русија не влијаеше на оставките на европските премиери

Оставките на неколку европски премиери се внатрешно прашање на нивните земји и Москва нема никаква врска со нив, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е внатрешна работа на секоја од споменатите земји. Ние нема да се мешаме во ова на никаков начин, немаме никаква врска со тоа. Тоа е сè што може да се каже“, рече Песков на прашањето на новинарите да ги коментира оставките на европските премиери, пренесува ТАС С.

Италијанскиот премиер Марио Драги вчера најави оставка, но претседателот на земјата, Серџо Матарела, не ја прифати, а британскиот премиер Борис Џонсон најави оставка минатата недела.

Можете да прочитате

Во верижен судар во ОАЕ загинаа 14 луѓе

Најмалку едно лице загина, петмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Израел нападна болница во Газа, хирург меѓу загинатите