Фудбалерите на Перу ја победија Колумбија со 2:1, додека Венецуела во последните секунди освои бод против Еквадор (2:2).
Перуанците против фаворизираните Колумбијци, до вредни три бода дојдоа со авто-голот на Јери Мина во 64.минута.
Претходно, Перу поведе во 17.минута преку Серхио Пења. Резултатот го израмни Мигел Борха од пенал, во 49.минута.
Група Б-табела:
1. Бразил 6 бода, два одиграни натпревари
2. Колумбија 4, три одиграни натпревари
3. Перу 3, два одиграни натпревари
4. Венецуела 2 три одиграни натпревари
5. Еквадор 1, два одиграни натпревари
Четири репрезентации ќе изборат пласман во четврт-финалето.
> Перу ја победи Колумбија, Венецуела во последните секунди до бод против Еквадор <