Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ќе го потпише Инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор

Пендаровски ќе го потпише Инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор

 

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го потпише Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон Северноатлантскиот Договор.

– Денеска ќе го потпишам Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон Северноатлансткиот Договор, претходно парафиран од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави претседателот на својот официјален профил на Фејсбук.

Наведува дека потпишувањето на инструментот е финалниот чекор за членството во НАТО.

– Во вонредни околности ја реализираме една од двете најважни стратешки цели на државата – полноправно членство во најголемата воено-политичка организација на светот, додава претседателот Пендаровски во објавата на Фејсбук. нд/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Тепале малолетници, им се заканувале и ги снимале со телефон