Утрински Весник
Политички Партии

Пендаровски-Соботка: Безрезервна австриска поддршка за европската перспектива на земјава

Пендаровски-Соботка: Безрезервна австриска поддршка за европската перспектива на земјава
Screenshot

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Националниот совет на Парламентот на Република Австрија, Волфганг Соботка, информираат од Кабинетот на претседателот.

Воедно во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, се вели дека на оваа средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, при што беше оценето дека двете држави негуваат одлични билатерални односи во повеќе сфери од заеднички интерес.

Screenshot

Претседателот Пендаровски, во оваа прилика изразил очекување за натамошно интензивирање на соработката меѓу парламентите на двете држави, како важен аспект во јакнењето на меѓудржавната соработка.

Исто така на средбата претседателот Пендаровски ја истакна важноста на силната, безрезервна и принципиелна австриска поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази очекување дека наскоро, по донесувањето на новата методологија за водење на пристапни преговори, ќе биде одреден датум за почетокот на пристапните преговори за членство во Унијата, што е во интерес на стабилноста на регионот и на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и претседателот на Националниот совет на австрискиот парламент, Соботка,  разменија мислења и информации и за актуелните состојби во регионот, како и за предизвиците што произлегуваат од нелегалната миграција. оџ/нд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт