Утрински Весник
Македонија

Дебрца ќе добие еко-музеј за презентација на убавините на Белчишкото блато и локалитетот „Сини вирој“

Дебрца ќе добие еко-музеј за презентација на убавините на Белчишкото блато и локалитетот „Сини вирој“

Охрид, 5 март 2020 (МИА) – Со средства обезбедени преку проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ на претпристапните ИПА фондови на ЕУ, Општина Дебрца ќе ја рекопнструира зградата на старата касарна во селото Белчишта, со нејзина пренамена во ЕКО-музеј Белчишко блато „Сини вирој”.

За реконструкција на објектот се предвидени околу 130 илјади евра, додека преку дополнителен буџет внатрешноста ќе биде уредена со мебел и техничка опрема, со простории во кои ќе бидат изложени убавините на Белчишкото блато, со цел локалитетот да биде подостапен и попривлечен туристите.

Партнери во реализацијата на проектот се Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Jасен”, Шумарскиот факултет од Скопје до македонска страна, додека грчката страна во проектот е вклучено преку Општината Терми и за Институтот за одгледување на растенија и генетски инжинеринг. аб/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Подрум во Аеродром претворен во скривалиште за дрога

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

Скандал на македонско-албанската граница: Со дипломатски пасоши чекале еден час, па биле вратени