Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска

Пендаровски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со министерката за надворешни работи на земјата, Ан Линде.

Претседателот на средбата изразил очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, истакнувајќи дека случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот.

Во тој контекст, Пендаровски истакнал и дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес.

Двајцата соговорници на средбата разговарале за европските перспективи на регионот, како и за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска.

Можете да прочитате

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила