Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да проверат како Каевски на 30 години има стан и 4 милиони во банка

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да проверат како Каевски на 30 години има стан и 4 милиони во банка

Институциите да проверат како Дарко Каевски на 30 години има стан и 4 милиони во банка, дали е тоа причината за која им должи на Заеви, па мора да лаже на пресови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска пратеникот на СДСМ обвини дека Даниела Арсовска и нејзините фирми ја оставиле салата Расадник како руина.

„Каевски на само 30 години има сопствен стан за кој што како што навел во анкетниот лист го купил во 2020 година од свои лични пари и 4 милиони денари во банка. Како успеал Каевски на само 30 години да се стекне со имот од над 125 илјади евра“, прашуваат од опозициската партија.

Од таму додаваат и дека Дарко Каевски е функционер само 5 години, а платата му е околу 1.000 евра.

„Целата плата да ја штедел и да не трошел за храна и живеење ќе соберел само 60.000 евра. Од каде му се остатокот од 65.000 евра? Каевски треба сериозно да одговори од каде му се парите. А институциите да не молчат и да постапат веднаш“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт