Утрински Весник
Спорт

Парагвај го отпушти селекторот Берисо

Парагвај го отпушти селекторот Берисо

Фудбалскиот сојуз на Парагвај го отпушти селекторот Едуардо Берисо. Аргентинскиот тренер доби отказ по синоќешниот дебакл од Боливија. Парагвај во Ла Паз загуби со 4:0.

Поранешниот тренер на Селта и Атлетик Билабо, го презеде Парагвај во февруари 2019 година.

Во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, Парагвај се наоѓа на осмото место, со 12 бодови, колку што има и Боливија.

Табелата ја предводи Бразил со 31 бод, Аргентина има 25, следуваат Еквадор со 17, Колумбија и Уругвај со по 16, Чиле има 13 бодови. На последните две места се Перу со 11 и Венецуела со седум бодови.

Од Јужна Америка, првите четири селекции ќе изборат пласман на Мундијалот, додека петто пласираниот тим ќе игра бараж за место на Светското првенство.

> Парагвај го отпушти селекторот Берисо <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија