Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

Пендаровски се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Брисел, денескасе сретна со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На средбата беше дискутирано за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешно-политичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на Ковид-19.

Пендаровски во разговорот со Столтенберг, ја реафирмираше подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста, истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко.

Можете да прочитате

Татко и двајца синови осомничени за насилство на гробишта во Бутел

Со 68 гласа „ЗА“ собранието го избра Ристов за прв човек на РКЕ

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми