Утрински Весник
Македонија

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена
Ss2

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со ковид-19. Како причина за тоа ги наведе спроведување на економско-социјалните мерки.

Пендаровски по седницата на Советот за безбедност потенцираше дека во врска со продолжувањето на вонредната состојба се консултирал со повеќе експерти.

Ss1

Тој по седницата рече дека Советот за безбедност заклучил дека надлежните институции работат координирано и оти ситуацијата е подобрена и оти евидентно е дека како држава добро се справуваме со коронакризата.

Втората триесетдневна вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот завршува на 16 мај.

На денешната седница на Советот за безбедност, се разговараше за евентуално трето продолжување на вонредната состојба поради коронакризата. Предлогот за трето продолжување на вонредната состојба, која истекува утре, до Советот го доставува Владата, а таа претходно денеска излезе со став дека ќе бара од претседателот Стево Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, е дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница.

Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку. ев/сп/

Изјава на претседателот на државата Стево Пендаровски

Posted by MИА.mk on Петок, 15 мај 2020

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Претрес во Сопиште, приведен дилер на дрога

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот – СДСМ секогаш била на страната на работниците