Утрински Весник
Економија

Вуцас: За влез во Австрија потребен здравствен сертификат или задолжителен 14 дневен карантин

Вуцас: За влез во Австрија потребен здравствен сертификат или задолжителен 14 дневен карантин
Ss2

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Границите на Австрија се отворени, но за влез во земјата потребен е здравствен сертификат или задолжителен 14-дневен карантин, вели австрискиоит амбасадор Георг Вуцас.

– Австриските граници секогаш биле отворени. Имавме луѓе на кои им беше потребен третман за канцер во Австрија и кои патуваа во сопствен аранжман околу 22 март. И денес ако има валидни документи секој македонски граѓанин може да патува во Австрија. Обврска е при влез во Австрија да помине во 14 дневен карантин, кој што може да се избегне ако поседувате здравствен сертификат. Секако треба да имате место каде ќе престојувате, изјави амбасадорот Вуцас на новинарско прашање при предавање донација од Австрија за справување со Ковид -19 во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Img 5587

Тој нагласува дека има поголем број македонски државјани кои работат во Австрија и бидејќи сега се обновува економијата, постои потреба од нив.

– Знаеме дека тие треба да се вратат и во таков случај можеме да изадеме и визи бидејќи им се потребни за подолг престој, посочува Вуцас подвлекувајќи дека и за нив важи истото правило ако имаат здаравствен сертификат неме потреба да поминат 14-дневен карантин. вг/сп/  

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз