Утрински Весник
Македонија

Пендаровски одржа состанок за миграцијата во услови на пандемија

Пендаровски одржа состанок за миграцијата во услови на пандемија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на канцеларијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Скопје и националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, на средбата било разговарано за севкупните активности на организацијата во нашата држава поврзани со миграцијата, нивниот ангажман во двата транзитни центри на јужната и на северната граница, како и мерките што организацијата ги презема во услови на глобалната пандемија од Ковид-19.

Претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошно продлабочување на соработката на Република Северна Македонија со ИОМ, во насока на натамошно јакнење на капацитетите на државата во сферата на миграциите, согласно меѓународните стандарди.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдени осум лица мигранти, уапсен криумчар од Албанија

Египетски државјанин крадел во хостел во Охрид

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага