Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети

Претседателот Стево Пендаровски им честита на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„ И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда. Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата.

Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори. Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција.

Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина“ порача Пендаровски.

Можете да прочитате

СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА: Ладниот бран од северозапад се спушта кон Македонија!

Големите комплекси на една мала политика

Димитровски од МАСИТ: Дигитализацијата е инвестиција, не ја гледајте како трошок