Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Неприфатливо е користење и поттикнување насилство во политички цели

Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски се огласи по вчерашниот инцидент за време на протестите против францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

„ Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани.

Упатувам апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено најостро го осудувам носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност.

Вчера полицијата имаше навремена реакција која спречи поголеми судири. Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок“ порача Пендаровски.

Можете да прочитате

Се запали камп приколка на нива во Долно Лисиче

ВРЕДИ: Ставивме двојазични табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, а сега и на граничниот премин Блато

Мицкоски од Брвеница: На 2 ноевмри да гласаме за број 9 за сите кои работат за иднината на Македонија