Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на средба со претставници на Управата за финансиско разузнавање

Пендаровски на средба со претставници на Управата за финансиско разузнавање

Претседателот Стево Пендаровски го прими Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање и претставници на управата.

На средбата се разговараше за тековната работа на управата и активностите во насока на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и напорите за натамошно зајакнување на сопствените кадровски и технички капацитети на оваа институција.

Претставниците на управата го информираа претседателот Пендаровски и за тековната соработка и координација меѓу сите институции вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

На средбата се разговараше и за меѓународната и регионална соработка на управата, во насока на размена на информации и искуства.

Можете да прочитате

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!

Правел кулен, сланина и чварки без дозвола, па ги продавал преку Фејсбук – АХВ му ја открила работилницата

Претреси во приватна болница и ФЗО, неофицијално меѓу осомничените и Ден Дончев