Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.

Предвидено е утре претседателот да учествува и да говори на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“, на која ќе говорат и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро и министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен.

Во среда, Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан“.

Во рамки на учеството на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај 2022 година, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени.

Можете да прочитате

Службеното „Ауди А6“ на Општина Струга продадено за 22.000 евра

Два напади врз малолетници во Скопје: Момче претепано во Карпош, девојче нападнато во Центар

Собранието го донесе Законот за парнична постапка – 24info.mk